Големо изненадување од Италија, од под Везув. Имено како што известуваат тамошните медиуми, Криштоф Галтие, избрканиот тренер од ПСЖ сега пик број 1 за нов стратег на Наполи.
Ова значи дека токму Галтие, кој во редовите на “светците“ се задржа само една сезона, ќе му биде тренер на нашиот Дијаман Елиф Елмас.
Со ова пропаѓаат сите “приказни“ дека Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на Наполи ќе го донесе Луис Енрике или некоја друга тренерска ѕвезда во својот тим по заминувањето на Лучано Спалети со кој Наполи по 33 години пауза дојде до “скудетото“.