Никола Миротиќ се договорил со Армани Милано!

177

Армани Милано постигнал договор со Никола Миротиќ и најверојатно ќе го добие како големо засилување во тимот следната сезона, објави новинарот Емилијано Карчија.

Миротиќ има актуелен договор со Барса за следните две сезони и неговото заминување би било предмет на раскин на овој договор за кој се чини дека почна да се договара во последните недели. Барса побара од Миротиќ да си ја намали платата за половина, но тоа играчот не го прифати и најверојатно ќе го раскине договорот за да се пресели во Милано.

ПретходноБаерн го „мами“ Кореецот од Наполи со плата од 10 милиони евра
СледноХрватска по продолженија завери финале во Лигата на нации (ВИДЕО)