Хрватска по продолженија завери финале во Лигата на нации (ВИДЕО)

1046

Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во финалето на Лигата на нации откако во Ротердам ја совлада Холандија со 4:2 по продолженијата. „Коцкестите“ имаа водство од 2:1 се до 96. Минута во регуларниот дел од мечот, но „лалињата“ успеаја да израмнат и да обезбедат дополнителни 30 минути.

Холандија прва поведе со голот на Мален во 32. минута, резултат со кој се замина на пауза. На почетокот на вториот дел Хрватска веднаш возврати. Пенал за „коцкестите“ кој во 55. минута Андреј Крамариќ го претвори во израмнување за 1:1.

Пашалиќ им донесе предност на Хрватите во 73. минута и најави големо славје за гостите, но во последните секунди од мечот „лалињата“ преку Ноа Ланг успеаја среќно да се избрат за 2:2 и продолженија.

Во дополнителните минути Хрватска одигра одлично, а поведе во 98. минута по одличниот погодок на Бруно Петковиќ од околу 20 метри. Конечните 4:2 за Хрватска ги постави Модриќ со гол од пенал во 117. минута.

Избраниците на Златко Далиќ во финалето го чекаат подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Италија.

ПретходноНикола Миротиќ се договорил со Армани Милано!
СледноОфицијално: Црногорецот Радовиќ на клупата на Воска!