Ѕвездата на Репторс најави дека ќе игра за САД на Мундобаскетот

220

Фред Вaнвлит ќе му се стави на располагање на селекторот на САД, Стив Кер за Мундобаскетот оваа година.  Кошаркарот на Репторс е уште еден во низата кошаркари кои се подготвени да играат за САД, а ова е момче кое е лојално на Репторс од 2016 година, најави дека има голема желба да игра за американскиот тим.

Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Ентони Едвардс (Минесота), Тајрис Халибартон (Индијана), Остин Ривс (ЛА Лејкерс), Микал Бриџис (Бруклин), Боби Портис (Милвоки), Џејлен Брансон (Њујорк) и Џерен Џексон (Мемфис) се само дел од играчите кои досега го потврдија учеството во американскиот тим.

Претходно„103 милиони за Белингем? Еднаш дадовме многу пари за фудбалер и тој си ја уништи кариерата“
Следно„Атлетик“: Јокиќ нема да игра за Србија на СП 2023