Акрон Тољати го претстави Бојан Димоски

763

Како што најавивме минатата недела, 21-годишниот лев бек на Академија Пандев Бојан Димоски и официјално се пресели во Русија. Тој денеска е официјално преставен како нов фудбалер на рускиот клуб Акрон Тољати.

Димоски е дете на Тетекс, по што замина во Вардар, каде дебитираше во сениорска конкуренција. По пандемијата, Димоски се пресели во Академија Пандев, каде три сезони беше главен играч.

Димоски ќе му се придружи на Акрон на претсезонските тренинзи во Русија по враќањето од репрезентацијата на Македонија со која ги очекува новите квалификациски мечеви. Инаку, Акрон минатата сезона ја заврши на 9. место во Втората лига на Русија.

ПретходноСадики и Алими се нови фудбалери на Беса
Следно„103 милиони за Белингем? Еднаш дадовме многу пари за фудбалер и тој си ја уништи кариерата“