„Атлетик“: Јокиќ нема да игра за Србија на СП 2023

594

Српските кошаркарски фанови со нетрпение го очекуваат одговорот од Никола Јокиќ дали ќе игра за Србија на Светското првенство. Во меѓувреме, почнаа да се редат шпекулации во американските медиуми, кои тврдат дека селекторот Светислав Пешиќ, сепак, ќе мора да го селектира српскиот тим без Јокиќ.

Според Американците, Јокиќ е се поблиску до одлука да не игра на Светското првенство на Филипините, Индонезија и Јапонија. Како што наведува „Атлетик“, повикувајќи се на меѓународни извори, Никола има семејна прослава меѓу 25 август и 10 септември, токму кога се игра Светското првенство.

Дали тоа навистина ќе влијае на неговата одлука ќе се знае во наредните недели.

ПретходноЅвездата на Репторс најави дека ќе игра за САД на Мундобаскетот
СледноБарела демантира трансфер во Њукасл: Не сум разговарал со никого!