Ајакс изненади со изборот на новиот тренер

1094

Холандскиот фудбалски гигант Ајакс го назначи Морис Стејн за нов тренер на екипата. Тој го замени Џон Хејтинга кој ја доврши сезоната откако од клубот замина Алфред Шредер. Стејн потпиша договорот на три години, а Ајакс ќе му плати на Спарта Ротердам отштета од 400.000 евра.

Многумина од страт оценија дека ова е лош избор на Ајакс затоа што неговиот стил и начин не одговара на она што го сака клубот од Амстердам. Но Стејн смета дека може да биде успешен тренер.
Роден сум во Хаг, немам ДНК на Ајакс и бев многу просечен фудбалер“, изјави Стејн кој е поранешен тренер на Ден Хаг, Венло, Ал Вахда, НАЦ Бреда и Спарта Ротердам.

Учев од Ерик тен Хаг. Toj беше успешен во Ајакс. Јас верувам дека можам да биде успешен на клупата на овој клуб. Сакам да бидеме шампиони во Холандија и да се вратиме на европскиот врв. А во Ајакс тоа мора да биде комбинација од победи и убав фудбал“, вели Стејн.

Името на Стејн во медиумите првпат беше спомнато во неделата. Тоа значи дека не бил прв избор на клубот. Претходно се споменуваа имињата на Каспер Хјулманд (селектрот на Данска), Петер Бош (новиот тренер на ПСВ) и Кјетил Кнутсен (Бодо/Глимт).

ПретходноПораз во Рига: Одбојкарките испуштија шанса за прв сет во Европската Сребрена лига
СледноШкендија го засили офанзивниот ред со Ендрит Красниќи