Откако британски „Телеграф“ денеска објави дека играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела е блиску до трансфер во Њукасл Јунајтед, вечерва веднаш стигна демант.
Италијанските медиуми од свои извори потврдија дека агентот на Барела досега не разговарал со никого, вклучително и со преставници на Њукасл. Тој допрва треба да одржи состанок со Интер за неговата иднина во клубот и тоа се очекува да се случи по натпреварите на Италија во Лигата на нации.
Засега не е познато дали Интер сака да го продаде Барела ова лето, а ако тоа се случи неговата цена ќе биде околу 50 милиони евра.