Виктор Велкоски е нов стопер на Шкупи!

2276

Виктор Велкоски (27) ќе биде нов дефанзивец на Шкупи. По двегодишен престој во Албанија, во тимот на Лачи, Велкоски се враќа во Македонија и, како што дознаваме, веќе се договорил со чаирчани за соработка за наредниот период. Ова ќе биде уште едно ново име во Шкупи по Сефер Емини, Словакот Михал Пинтер и Кристијан Тошевски.

Кога сме кај Велкоски да кажеме дека тој пред да игра за Лачи, беше дел од Вардар, Работнички, Победа, Љубанци, Пелистер а мина и шест месеци во Грција, во тимот на Егиниакос.

ПретходноКако “гром од ведро небо“: Премиерлигашите менуваат правило кое ќе го остави Јунајтед без Мбапе!
СледноСрбин седна на клупата на Торонто!