Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев, предмалку преку социјалните мрежи и официјално се прости од неговиот досегашен клуб, Шкендија. Тој во изминатите три години беше дел од овој клуб, а со тетовци ја освои и шампионската титула.
Тоа му овозможи да прерасне во еден од најдобрите играчи во ПМФЛ шампионатот, и да се стекне со статус на репрезентативец.
Токму затоа Дориев кој летово дефинитивно ќе има нов клуб, реши јавно да се заблагодари за се што ФК Шкендија и нејзините навивачи направиле за него во овој изминат период.