За Меси настапот на СП 2026 година е завршена приказна!

737

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, проговори за своите планови за во иднина кога е во прашање националниот тим и најави дека најверојатно последното Светско првенство го одиграл во Катар.

Тој ќе има 39 години за време на следното Светско првенство кое се игра во 2026 година, верува дека нема да биде подготвен да им помогне на „гаучосите“ да ја одбранат светската титула.

„Мислам дека нема. Ова беше мојот последен Мундијал. Ќе видам како ќе се одвиваат работите, но во принцип нема да играм на следниот Мундијал“, рече Меси.

Поранешниот играч на Барселона играше на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година, кога конечно го освои светското злато. Претходно играше во финалето во 2014 година, кога загуби од Германија.

Со репрезентацијата ќе одиграат пријателски натпревар со Австралија во Кина (четврток), а потоа на 10 јуни ќе ги одмерат силите против Индонезија во уште еден подготвителен натпревар.

ПретходноМакедонија против Малта го игра 100. меч во Дејвис купот
СледноБадел 1862 со нов предизвик, ќе биде дел од WABA U17