Македонската Дејвис куп репрезентација со победа ги почна натпреварите во годинашново издание од Третата Европска зона Б група од Дејвис купот. Во Ларнака, Кипар денеска во дуелот од 1.коло совладана беше Малта со 2:1, откако противникот водеше со 1:0.
Решавачкиот поен го донесе дублот Калин Ивановски, Берк Бугариќ кои со 2:0 во сетови (64 64) за 1 час и 18 минути ги победија Алекс Дегабриеле и Лиан Деликата.
На мечот во двојки му претходеа двата сингла. Во првиот Малта поведе со 1:0 откако Дегабриеле го совлада Обрад Марковски во маратонски меч со 2-1 во сетови (7:3 во тај брекот од решавачкиот сет). Во вториот меч Ивановски со 2-0 во сетови го победи Деликата.
Противникот утре ќе ни биде селекцијата на Молдавија, која со 3:0 го совлада Кипар.