Како “гром од ведро небо“: Премиерлигашите менуваат правило кое ќе го остави Јунајтед без Мбапе!

8176

Откако Французинот потврди дека ќе помине само уште една година во ПСЖ, почнаа шпекулациите за неговиот нов клуб.

Наводно, ПСЖ сака да го продаде веќе ова лето бидејќи не сака да го пушти Килијан Мбапе на крајот на сезоната како слободен играч.

Манчестер Јунајтед во последните 24 часа се покажа како голем фаворит за негово доведување, особено ако шеикот Јасем го преземе клубот.

Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, клубовите од Премиер-лигата сериозно размислуваат да воведат правило за трошење во домашниот шампионат.

Тоа правило наводно би ја претставувало бројката што клубовите смеат да ја трошат за платите на своите фудбалери и фудбалери кои сакаат да ги доведат.

Ова може да биде „удар“ за Манчестер Јунајтед, кој годишно троши дури 384 милиони фунти за плати, а не би било евтино да се донесе Мбапе.

Јунајтед е секако еден од најголемите клубови во светот и нема сомнеж дека Мбапе би доживеал уште поголема популарност на „Олд Трафорд“ отколку на „Паркот на принцовите“.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ веќе одредил цена за Мбапе, а клубот кој сака да го доведе во редовите ќе треба да плати 150 милиони евра.

Мбапе одамна го надмина францускиот шампионат и општиот впечаток е дека му е потребна посилна лига за да ги покаже своите квалитети и да го трасира патот до статусот најдобар играч во светот.

ПретходноБадел 1862 со нов предизвик, ќе биде дел од WABA U17
СледноВиктор Велкоски е нов стопер на Шкупи!