Прво ги потпишаа договорите, па се разделија со Македонија ЃП

951

Продолжува реконструкцијата во редовите на Македонија Ѓорче Петров. Освојувачот на Купот на Македонија ќе мора да бара замени за двоецот Стефан Лазаревиќ и Есмин Личина кои си заминаа од Ѓорче Петров.

Интересно, пред неколку денови од клубот објавија дека и Лазаревиќ и Личина се согласиле за продолжување на договорите на уште една сезона, а сега приказната е поинаква па играчите ќе си бараат нови клубови.

Лазаревиќ пред две години се врати во Македонија ЃП по „авантурите“ во Скопје, Гостивар, Тетекс, Борец и Вардар.
Стоперот Личина потекнува од школата на Вардар, а во МЃП дојде во јули 2019 година.

Претходно од Ѓорче си заминаа Матиас Лемос и Ѓорѓи Стоилов.

Професионални договори потпишаа Ристе Лембовски и Христијан Поп Антоски.

ПретходноШкендија го засили офанзивниот ред со Ендрит Красниќи
СледноПознато е кој му бил омилен фудбалер на Берлускони