Леонид Игњатов потпиша за Силекс!

1879

Големо засилување во редовите на Силекс. Од денеска и официјално Леонид Игњатов (21), младинскиот репрезентативец на Македонија и досегашен член на Скопје, е ново име во редовите на Силекс.

Дознаваме дека Игњатов и Силекс го потпишале договорот, сега останува само уште промоцијата.

Инаку Игњатов е дете на Вардар, на 17 години се пресели во младинскиот тим на Хајдук, а во таборот на “пиратите“ беше еден од најдобрите во изминатите две сезони.

Со Игњатов, кој може да игра на неколку позици во офанзивниот дел од средниот ред, кратовци добија големо засилување.

ПретходноСрбин седна на клупата на Торонто!
СледноПромоција: Зија Мерџани се врати во Шкендија! (ФОТО)