Килијан Мбапе во мега – интервјуто за италијанска “Газета“ покрај другото имаше свој коментар и за заминувањето на Лео Меси од ПСЖ во САД, во Интер Мајами.
Реално за тие две години Мбапе и Меси јавно никогаш немаа пречки во својата комуникација, ниту пак еден за друг кажале нешто лошо. Се виде дека и двајцата соиграчи во ПСЖ имаа респект еден кон друг.
Тоа го потврдува и самиот Мбапе со изјавата:
“Тука ние говориме веројатно за најдобриот фудбалер во историјата. Никогаш не се добри вестите кога дознаеш дека Меси си заминал од твојот клуб. Не разбирам зошто многумина здивнаа кога тој си замина од ПСЖ. Говориме за Меси, тој мора да се почитува. Штета, искрено тој не ја доби потребната почит во Франција“ посочи мега – ѕвездата на ПСЖ.