Познато е кој му бил омилен фудбалер на Берлускони

1037

Ариедо Браида, еден од блиските соработници на Силвио Берлускони откри кој бил омилениот фудбалер на претседателот на Милан. Берлускони почина на 12 јуни на 86 годишна возраст. Браида кој работеше под раководство на Берлускони за време на неговото 31-годишно владеење во Милан, зборуваше за омилениот фудбалер на поранешниот претседател.

Тој сакаше фудбалери со стил – уредни, самоуверени и вешти. Неговиот омилен беше Марко ван Бастен, но тешко е да се именува само еден. Сакаше повеќе, нe само Ван Бастен и другите кои доаѓаа од страна туку и оние од школата како Малдини, Костакурта, Тасоти и Гали.

Донадони исто така му беше омилен. Тој беше столб во одбраната на Милан. Тој ми рече да одам и да им го украдам од пред нос на Јувентус (тогаш Донадони беше фудбалер на Аталанта)“, изјави Браида.

Браида откри дека Берлускони го ангажирал да го донесе Криштоф Дугари место Зинедин Зидан во 1996 година.
Тој беше неверојатен човек. Тој го посака Борги (Клаудио) и лично отиде до Аргентина за да го донесе. Џанлука Вијали му кажа НЕ само затоа што во Милано немало море (иако подоцна отиде во Јувентус и Челзи). Навистина квалитетни фудбалери поминаа во Милан во тоа време: Бобан, Тијаго Силва, Пато, Неста…

Јас и Галијани отидовме во Кан да преговараме со ПСЖ за Жорж Веа. Фудбалерот прифати и намалување на платата за да дојде во Милан. Дотогаш немав видено такво нешто.

Се разбира и Шевченко. Го потпишавме за 24 милиони евра, го продадовме за 50 милиони. Никој не сакаше тој да си оди. Дури го предупредив: „Тука те почитуваат и многу те сакаат. Те молам размисли што правиш“ (пред да отиде во Челзи). Се сеќавам кога одев да го договорам во Киев, носев дрес на Милан и му реков: “Дојди кај нас и ќе ја освоиш Златната топка. Тогаш тоа го реков онака, да го убедам да дојде, а подоцна се покажа како погодок. Неговите соработници имаа слобода во работата. Се разбира после секоја работа мораше да доставиме извештај“, изјави Браида.

ПретходноПрво ги потпишаа договорите, па се разделија со Македонија ЃП
СледноАко не успеат преговорите меѓу Интер и Челзи, Лукаку ќе се пресели во Ал Хилал