Пораз во Рига: Одбојкарките испуштија шанса за прв сет во Европската Сребрена лига

115

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија повторно беше многу блиску до освојување на првиот европски сет во Сребрената лига на ЦЕВ, но не успеа да искористи ниту една од сет-топките на дуелот со Летонија во Рига и претрпе нов максимален пораз од 3:0 (25-19, 25-17, 31-29).

Избраничките на Стефан Пауновиќ слабо го отворија мечот и во првите два сета немаа многу шанси против домашниот тим. Кај нас недостасуваше сигурност во играта на прием, која им ја олесни задачата на домашните одбојкарки кои прилично лесно дојдоа до водство од 2:0 во сетови.

Во третиот сет видовме најдобра одбојка, но и најдобра партија на нашата репрезентација. Водевме континуирано во втората половина на сетот (13:16, 15:19, 20:23), но по една судиска грешка на 21:23 за Македонија кога судиите им подарија поен на домашните, Летонија се врати во игра и на крајот по голема борба успеа да дојде до потребните 31:29 за конечни 3:0.

Левинска со 23 и Јурџа со 19 поени беа незадржливи кај Летонија, додека во нашата селекција Тамара Стојанова заврши со 11 поени, додека Стојановска реализираше 9, а Терзиевска 8 поени.

За нас останува в сабота против Австрија да се обидеме во последниот меч во групата да го освоиме првиот сет во ова натпреварување.

фото: CEV.eu

ПретходноИвановски и Бугариќ донесоа победа на Македонија на стартот на Дејвис купот
СледноАјакс изненади со изборот на новиот тренер