По Игор Кокошков, уште еден Србин доби шанса да предводи НБА-тим. Станува збор за Дарко Рајаковиќ кој и официјално е промовиран за нов тренер на Торонто Репторс.
„Неверојатна привилегија е да се работи во шампионска организација, како што е Торонто“, рече Рајаковиќ во својата воведна изјава.
„Почнав да тренирам на 16 години, а сега 27 години подоцна имам можност да работам во неверојатна организација. Да живеам во прекрасното Торонто“, изјави Рајаковиќ.
Поранешниот асистент во Оклахома, Мемфис и Феникс накратко ја објасни својата кошаркарска филозофија.
„Од првиот ден најголемо задоволство ми е напредокот на играчите. Победите и поразите доаѓаат и си одат, напредокот е мојата најголема награда“, изјави Рајаковиќ.
Торонто ја заврши неодамна завршената сезона на плеј-ин турнирот постигнувајќи 41-41.
Let’s get to work 🤝 pic.twitter.com/cXBbAlWJWa
— Toronto Raptors (@Raptors) June 13, 2023