Шкендија го засили офанзивниот ред со Ендрит Красниќи

585

Шкендија се пофали со нов фудбалер. Тој доаѓа од ФК Приштина и е офанзивен играч за врска. Се работи за Енрид Красниќи кој со тетовските „црвено-црни“ потпиша договор до летото 2025 година.
Се надевам дека ќе имаме фантастична сезона. Познато е дека организацијата во клубот е на високо ниво во споредба со другите клубови, па за нас кои работиме овде имаме можност да напредуваме. Фасцинирам сум од клубот и довербата која ми ја даде и ќе дадам се од себе да ги исполниме зацртаните цели“, изјави Красниќи.
Во изминатите години Красниќи беше прогласуван за најдобар играч од средниот ред во Косово, а два пати беше шампион на Косово, еднаш со Дрита и потоа со Приштина.

ПретходноАјакс изненади со изборот на новиот тренер
СледноПрво ги потпишаа договорите, па се разделија со Македонија ЃП