Ромелу Лукаку моментално игра во Интер како позајмен фудбалер од Челзи. „Нероаѕурите“ лани му платија на англискиот клуб 8 милиони евра за позајмицата со тоа што ја превземаа и целата плата на Белгиецот.
По една сезона во Милано, Интер сака да го задржи Лукако но се разбира под добри услови. Моментално двете страни преговараат и ако не успеат да се договорат, тогаш Белгиецот ќе лета во друг правец – блискиот Исток.
Значи приоритет на напаѓачот е Интер, во случај да пропаднат преговорите тогаш неговиот нареден клуб ќе биде Ал Хилал. Неофицијално клубот од Саудиска Арабија со кој беше поврзуван Лео Меси, му понудил на Белгиецот плата од 20 милиони евра по сезона.
Според „Фут Меркато“, имало и средба меѓу претставници на Ал Хилал и агентите на Лукаку во Париз за овој транфер.
Сепак, Лукаку, кој има договор со Челзи до 2026 година, ќе почека на разврската со Интер пред да одлучи.
Дома Меѓународен фудбал Италија Ако не успеат преговорите меѓу Интер и Челзи, Лукаку ќе се пресели...