Баерн го „мами“ Кореецот од Наполи со плата од 10 милиони евра

245

Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае е на добар пат да го засили германскиот шампион Баерн Минхен.

Според „Фут Меркато“, доколку Лукас Ернандез биде продаден во ПСЖ , Баерн ќе се обиде да го ангажира играчот на Наполи. За да го убеди Кореецот, управата на Баварците е подготвена да му понуди плата од 10 милиони евра годишно.

Самиот играч и понатаму преферира да игра во Премиер лигата каде најголем интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.

ПретходноЗлатна лига: Во нов трилер-меч Хрватска во петтиот сет подобра од Македонија
СледноНикола Миротиќ се договорил со Армани Милано!