Соседна Србија е во центарот на спортската јавност во светот. За само неколку дена, Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ ја прославија својата земја во светот.
А во Србија и тоа како знаат да го почитуваат. Па така веднаш по освојувањето на НБА титулата и признанието МВП во финалето од плеј – офот, Белградската кула или највисоката зграда кај нашиот северен сосед беше “обоеана“ со ликот на најдобриот светски кошаркар во моментов.
Инаку Јокиќ во едно од многуте интервјуа што ги даде за светските медиуми, посебно се паметат неговите зборови за ЕСПН.
“Не веруваа во дебелото дете. Но, тоа изгледа дека успеа. Затоа не се обложувајте против овој дебелко“ кажа Јокиќ.
The Belgrade Tower, the tallest building in Serbia, lit up to celebrate Nikola Jokic winning his first NBA championship 🇷🇸
(via belgradewaterfront/IG)pic.twitter.com/8itCO260Xv
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) June 14, 2023
— Malika Andrews (@malika_andrews) June 13, 2023