Армани Милано постигнал договор со Никола Миротиќ и најверојатно ќе го добие како големо засилување во тимот следната сезона, објави новинарот Емилијано Карчија.
Миротиќ има актуелен договор со Барса за следните две сезони и неговото заминување би било предмет на раскин на овој договор за кој се чини дека почна да се договара во последните недели. Барса побара од Миротиќ да си ја намали платата за половина, но тоа играчот не го прифати и најверојатно ќе го раскине договорот за да се пресели во Милано.