Шкендија продолжува да ги засилува своите редови, па така од денеска и официјално Зија Мерџани (27), довчерашниот фудбалер на шампионскиот тим на Струга ТЛ, е старо-ново име во таборот на тетовци. Имено тој се врати во Шкендија, каде што играше во периодот од 2018 до 2022 година.
„Секој сака да дојде и да игра за Шкендија. Не може да се опише чувството повторно да си дел од Шкендија. Сум бил дел од овој клуб и знам што се бара од нас фудбалерите“ истакна офанзивниот бек.