Србин седна на клупата на Торонто!

102

По Игор Кокошков, уште еден Србин доби шанса да предводи НБА-тим. Станува збор за Дарко Рајаковиќ кој и официјално е промовиран за нов тренер на Торонто Репторс.

„Неверојатна привилегија е да се работи во шампионска организација, како што е Торонто“, рече Рајаковиќ во својата воведна изјава.

„Почнав да тренирам на 16 години, а сега 27 години подоцна имам можност да работам во неверојатна организација. Да живеам во прекрасното Торонто“, изјави Рајаковиќ.

Поранешниот асистент во Оклахома, Мемфис и Феникс накратко ја објасни својата кошаркарска филозофија.

„Од првиот ден најголемо задоволство ми е напредокот на играчите. Победите и поразите доаѓаат и си одат, напредокот е мојата најголема награда“, изјави Рајаковиќ.

Торонто ја заврши неодамна завршената сезона на плеј-ин турнирот постигнувајќи 41-41.

ПретходноВиктор Велкоски е нов стопер на Шкупи!
СледноЛеонид Игњатов потпиша за Силекс!