Нафиу го раскина договорот со Шкендија

348

Шкендија вечерва и официјално го потврди заминувањето на Валмир Нафиу. Крилниот напаѓач гоз аврши престојот во Тетово и следната сезона нема да биде дел од Шкендија. Двете страни спогодбено го раскинале договорот.

Нафиу заминува по речиси 5 сезони во дресот на Шкендија, исклучувајќи ги последните 6 месеци кога играше како позајмен во Кошице во Словачка. Нафиу е дел од фудбалската школа на Шкендија и беше дел од првиот тим во 2011 година кога тетовци ја освоија првата титула во историјата.

ПретходноСениорите ја почувствуваа Арената пред утрешниот дуел со Украина (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Руди Гарсија е новиот тренер на Елмас во Наполи!