Репрезентацијата на Украина, првиот противник на нашиот најдобар национален тим во квалификациите за ЕП 2024 се чекираше во Скопје. Дуелот се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 20:45 часот.
Украина во нашиот главен град допатува без Валериј Бондар и Oлександер Пихалионок, кои поради повреди нема да можат да им помогнат на своите соиграчи во јунските пресметки.