Челзи ја одби понудата на Манчестер Јунајтед за играчот од средниот ред Мејсон Маунт. Како што објави Скај, „црвените ѓаволи“ понудиле нешто повеќе од 46 милиони евра и понудата била „веднаш одбиена“.
Скај изјави дека клубот од Манчестер знае колку може да плати и дека има голема разлика во оценката на двата клуба за вредноста на Маунт, кој има уште една година од договорот на „Стемфорд Бриџ“ и се чини како да сака да ја промени средната.
Покрај него, Јунајтед е заинтересиран и за играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Кајсед и капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс, чиј договор истекува ова лето.
Приоритет на раководството на клубот од Манчестер е доведување напаѓачи, а Јунајтед се поврзуваше со Хари Кејн од Тотенхем. Се помалку се шансите напаѓачот на Тотенхем да ги засили, откако клубот најави дека не сака да го продаде на лигашки ривал.