Минатогодишниот бронзен медалист на 200 метри на Светското првенство во Орегон, Аријан Најтон од САД, продолжува да ги соборува рекорд по рекордот оние кои пред него ги постави легендарниот Усеин Болт. Откако веќе ги грабна светските рекорди до 18 и до 20 години, 19-годишниот Најтон го урна и рекордот во Дијамантската лига во Осло во рамките на вечерашниот митинг од Дијамантската лига. Американецот вечерва патеката од 200 метри ја истрча за 19,77 секунди (0,6 м/сек) со што го собори рекордот на митингот кој беше во сопственост на Болт од 2013 година (19,79 с.).
Шампионка на Игрите на Комонвелтот, Беатрис Чебет, победи на трката на 3000 метри во Осло со личен рекорд, рекорд на митингот и најдобар светски резултат оваа сезона – 8:25,01 минути. Така, Кенијката го остави во историјата рекордот на митиногот од 8:27,21 минути, кој досега го држеше легендарната Романка Габриела Сабо од 1999 година.
Олимпискиот, светскиот и европскиот шампион на 400 метри со пречки Карстен Ворхолм го крена стадионот во Осло со импресивната победа на митингот вечерва. Светскиот рекордер потсети на своите најдобри денови и победи убедливо со време 46,52 секунди, што е нов рекорд на митингот, како и четврти најдобар резултат во историјата на оваа патека.
Вториот норвежанец Ингебритсен победи на 1500 метри со нов национален рекорд 3:27.95 минути.