Легендарниот Златан Ибрахимовиќ стави крај на својата голема фудбалска кариера. Шведскиот напаѓач ги закачи копачките во Милано и сега може да се опушти и да ужива во животот.
Сепак, пред неколку дена Ибра доби интересен предизвик да се обиде во бокс, а го повика инфлуенсерот КСИ.
Во тие пресметки, но и на теренот каде изведуваше неверојатни потези му помогнаа таеквондо вештините. Затоа, не е ни чудо што по завршувањето на кариерата доби предизвик да се најде во рингот.
„Би сакал да го видам тоа да се случи. Би било навистина неверојатно“, рече КСИ, додавајќи:
“Гледав како удира во вреќата. Изгледа знае добро да удира. Одиме брат. Влези во рингот пријателе”, е пораката на овој инфлуенсер до Златан Ибрахимовиќ.