Калин Ивановски го предаде мечот, Молдавија го доби и вториот сингл со Македонија!

296

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија го загуби мечот од второто коло од Б групата од Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Ларнака, Кипар. Во вториот сингл меч во дуелот на двајцата прворангирани играчи на селекциите Калин Ивановски го предаде мечот против Александер Цозбинов во вториот сет при водство на противникот од 7:5 во првиот сет и 5:2 во вториот сет.

Поразот во давта сингл меча значи и пораз на нашата репрезентација во денешниот дуел со Молдавија, селекција против која го игравме седмиот меѓусебен дуел, а по трет пат сме поразени. Мечот во двојки нема влијание на конечниот исход.

Во првиот сет се водеше голема борба до 3:3 беше нерешено, а по водството на Цозбинов од 4:3 во гемови, тој направи и брејк за 5:3. Но, Ивановски веднаш го врати загубениот сервис и потоа во 10.гем се водеше голема борба, а македонскиот тенисер спаси пет сет топки и изедначи на 5:5. Во следниот гем тенисерот од Молдавија поведе со 6:5, а во 12.тиот гем тој ја искористи дури четвртата сет топка и сетот го доби со 7:5 и поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет Ивановски поведе со 2:0 во гемови, но потоа следуваше серија од пет гема на Цозбинов, по што нашиот тенисер го предаде мечот.

Во првиот сингл меч Берк Бугариќ загуби со 2-1 во сетови (46 62 63) од Илиа Снитари.

Во двојки планирано е да играат Амар Хусеиновиќ и Обрад Марковски против Цозбинов и Снитари.

Утре Македонија ќе игра против Кипар кој со 3:0 ја совлада селекцијата на Малта во денешниот меч од второто коло.

ПретходноПознати се групите во Суперлигата за новата сезона: Вардар – Е.Пелистер на стартот, Алкалоид против Скопје на гости!
СледноБелингам и официјално во Реал Мадрид