Милевски: Украина е многу силна, треба да дадеме и повеќе од 100% за да обезбедиме добар резултат

373

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје ги стартрува калификациите за следното ЕП против репрезентацијата на Украина.

Нашиот национален состав има за задача со бодови да ја отвори оваа кампања, момент кој секако е многу важен со оглед на фактот што само три дена подоцна играме на гостински терен против Англија. Добар старт секако дека ќе ни даде „ветар во грб“ за понатаму во квалификациите, а во тоа се согласуваат и селекторот Благоја Милевски односно капитенот Стефан Ристовски.

„Македонија утре сигурно ќе го даде максимумот. Тоа можеме да го очекуваме. Сите оние кои ќе настапат, ќе  видиме кои, ќе го сторат тоа. За натпреварувачка форма не можеме да зборуваме се знае и зошто. Она што ме радува во однос на овој изминат период, со оглед на фактот што со дел од фудбалерите работиме од 2 јуни, е фактот што го доловивме оној баланс кај тимот. Играчите и тоа како имаат крв и желба за овие два дуели, без разлика што е крајот на сезоната и фирмата е таква каква што е. Секако дека се согласувам со Стефан, дека Украина е извонредно квалитетна селекција. И екипно и индивидуално. Мислам дека за нив утрешниот меч ќе биде поразличен од оној кој го одиграа против Германија. Трениравме, анализиравме, мислам дека сме подготвени. Го анализиравме токму мечот против Германија, и заклучокот е дека ќе мора да да бидеме и повеќе од 100% подготвени“ – рече селекторот на Македонија, Благоја Милевски на денешната прес конференција

Од друга страна пак, и капитенот Стефан Ристовски дели слично мислење околу нашите шанси утре.

„Сигурно ако ме прашувате Украина е број еден од оние селекции за кои ги сметаат за „НЕ фаворити“. Играат одличен фудбал, тој меч на Европското во Полска е различен од оној што ќе го играме утре. Тој меч колку што се сеќавам тогаш ние одигравме две различни полувремиња. Ние направивме грешки, кои Украина ги искористи. Ако сакаме да се надеваме на некаков пласман, мора да одиграме како што треба, ни треба перфектен меч. Ако не освојуваш бодови, нема да одиш никаде, нема да се пласираш никаде“ – рече Ристовски.

 

ПретходноСити почнува против Барнли на Компани, Покетино ќе дебитира против Ливерпул!
СледноЧурлинов е во Англија и здравствено сe опоравува