Младите и Канатларовски се на добар пат

629

Македонската репрезентација до 21. година попладнево на домашен терен против репрезентацијата на Ерменија одигра 1:1, во рамките од двомечот пријателски средби кои ги имаме закажано за овој термин.

Иако навидум резултатот од 1:1 изгледа лошо, всушност Македонија одигра добро, и тоа против селекција која е квалитетна, силна, физички моќна. Ерменија денеска во Скопје се покажа во добро светло што значи дека ремито на овој пријателски меч воопшто не треба да предизвика немир. Напротив, во многу сегменти од играта покажавме дека сме напреднале, пред се во грешките во дефанзива, кои од меч во меч ги има се помалку. Средината и нападот, имаа свои моменти, како на пример погодокот на Луан Абази, кој ја искористи дадената шанса од селекторот Драган Канатларовски.

Она што радува секако е дека по турнирот во Анталија на кој игравме добро против Финска, Словачка и Летонија и на кој имавме игра но немавме среќа, овојпат имаме поместување во доменот на користењето на шансите кои ги создаваме.

Иако без двајцата стандардни играчи во нападот како Лука Станковски односно Берат Калкан, младата репрезентација против Ерменија денеска покажа капацитет и да се врати по примениот гол и да создаде ситуации повторно да поведе. Сепак, не успеавме во тоа, и ќе мора првиот триумф во овој серијал на неколку пријателски средби да го бараме против Малта, дуел кој го играме следната недела на 20. јуни.

Тогаш селекторот Канатларовски ќе има можност дополнително да го воигра тимот, да даде шанса на оние кои денеска не беа во стартниот состав и истиот да се исклистализира дополнително пред есенскиот старт на квалификациите против Шведска на гостински терен. Меч кој го играме на 8. септември. Момци само напред, оваа генерација има можност да направи нешто големо.

ПретходноСкандал на шампионската парада на Денвер: Со лименка погодена е сопругата на Јокиќ! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Таневски и следната сезона на клупата на Беса!