Официјално: Е. Пелистер во Лигата на Шампионите, а еве кои екипи бараат вајлд – карта!

370

И официјално, нашиот шампион, тимот на Е. Пелистер во сезоната 2023/24 ќе биде учесник во групната фаза во ЛШ. Ова денеска ЕХФ и официјално го објави и потврди. Секако дека откако по една година пауза, ова е добра вест, македонска екипа да се натпреварува со најдобрите екипи во Европа.

Е. Пелистер е сигурен учесник заедно со екипите на ГОГ, Барселона, ПСЖ, Кил, Магдебург, Келце, Порто, Веспрем и Целје.

Додека ова се десетте екипи кои со вајлд – карти посакуваат да се најдат во тие преостанати шест места во групната фаза во Лигата на Шампионите:

ППД Загреб, Динамо Букурешт, Кристијанштад, Колстад, Спортинг, Монпелје, Алборг, ПИК Сегед, Висла Плоцк и Кадетен Шафхаузен.

Комплетниот список на учесници ќе биде познат на 21 јуни, а ждрепката е закажана за 27 јуни.

 

ПретходноАнтонио Илиевски е нов член на Фљамуртари
СледноСудијата Маркоски дел од финалето во Регионалниот куп