Александар Таневски и во следната сезона ќе ја предводи екипата на Беса во ВМФЛ. Како што попладнево објавија на својот официјален ФБ профил, клубот од Добри Дол и стратегот се договориле за продолжување на успешната соработкка најмалку на уште една година.
Од клубот информираат дека со Таневски на клупата Беса имала успешна сезона во ВМФЛ, но и дека во наредната амбициите се поголеми, битка за оние места кои водат во елитната лига на Македонија.