Официјално: Црногорецот Радовиќ на клупата на Воска!

297

 

Она што “Спортмедиа“ ексклузивно го најави уште минатата недела, од утринава е и официјално. Воска својата дебитантска сезона во ПМФЛ ќе ја започне со тренерот Миљан Радовиќ (47) од Црна Гора. Точно на полноќ на својот ФБ профил, прволигашот од Охрид го претстави својот нов тренер.

Станува збор стратег кој бил тренер на Дечич, Сутјеска, Грбаљ, а има работено и во Индонезија. Тој доаѓа на местото на Берат Имери, тренерот кој на Воска и го донесе прволигашкиот статус за да после добие отказ по завршувањето на сезоната во ВМФЛ.

Исто така да кажеме дека желбата на Воска, пред да почне разговори со Радовиќ, беше некое наше истакнато тренерско име, но не успеа да се договори со ниту едно од тие со кои преговараше. Сттанува збор за Срѓан Захариевски, Александар Васоски, Мирсад Јонуз, Ќатим Османи, Јетон Беќири…

ПретходноХрватска по продолженија завери финале во Лигата на нации (ВИДЕО)
СледноТрагедија: Згасна животот на 24-годишен олимпијец!