Ромелу Лукаку добро ги насмеал богатите Арапи!

6971

Ромелу Лукаку не блескаше во последните две години, како и во поголемиот дел од својата професионална кариера во која само повремено покажуваше зошто му предвидуваат одлична кариера.

Заминувањето од Интер во Челзи во 2021 година се покажа како грешка. Лукаку „исчезна“, а по враќањето во редовите на италијанскиот тим не е ни сенка на напаѓачот кој на овој тим му ја донесе шампионската титула.

Лукаку доби понуда од Саудиска Арабија. Ал Хилал му понудил на Белгиецот повеќегодишен договор вреден 20 милиони евра по сезона, плус бонуси, но тој го одбил и побарал огромни 90 милиони евра, што пак добро ги насмеал богатите Арапи.

Се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, тој не е особено посакуван во Челзи со кој има договор, а Интер е подготвен да го врати на позајмица.

Дилемите за се ќе се решат наскоро. Лукаку ќе седне на маса со челниците на лондонскиот клуб и после тоа работите за неговата кариера ќе станат многу појасни отколку што се сега.

 

 

ПретходноУкраина се „чекираше“ во Скопје (ФОТО)
СледноЗлатан Ибрахимовиќ доби предизвик, но во рингот!