„Сапуницата“ продолжува: Ако Мбапе остане во Париз до следниот јуни тогаш ПСЖ ќе изгуби 300 милиони евра!

626

И дефинитивно се е до парите. Се разбира тука мислиме на “сапуницата“ наречена – Килијан Мбапе.

Имено ако Мбапе ова лето направи трансфер во Реал Мадрид, тогаш “кралевите“ ќе мора да платат најмалку 150 милиони евра само за отштета, со оглед на тоа дека играчот со ПСЖ има договор до следниот јуни.

Ако пак Мбапе остане во Париз и следната сезона, тогаш ПСЖ ќе изгуби најмалку 300 милиони евра.

Некој ќе рече како?

Па, следниот јуни ако Мбапе си оди тогаш ПСЖ нема да добие ни евра како отштета, а сегам ова лето, слободно може да земе 150-180 милиони евра. Платата годишна е некаде околу 70 милиони евра и секако бонусот од 70 милиони евра за верност кој Мбапе треба да го добие од ПСЖ ако остане и во сезоната 2023/24.

И ете ја таа сума од најмалку 300 милиони евра.

ПретходноСелекторот Стојановиќ го скрати списокот со ракометари на кои ќе смета за кадетското СП
СледноМакедонија поразена со максимални 0:3 од Молдавија!