Сергиј Ребров: Македонија е квалитетна репрезентација!

178

Во пресрет на утрешнииот меч од 3.коло во квалификациската група – Ц за пласман на ЕВРО 2024 година, меѓу Македонија и Украина, кој се игра во Скопје, селекторот на Украинците Сергиј Ребров, попладнево одржа прес – конференција.

Тој покрај другото не ги штедеше комплиментите за својот утрешен ривал.

Сметам дека сите добро ја познаваме селекцијата на Македонија, таа несомнена е квалитетна репрезентација, впрочем успеа да ја победи Италија на гости. Не мислам дека сме фаворити со оглед на тоа дека Македонија е силна селекција и ние мораме да бидеме максимално внимателни и не смееме да ги повториме грешките од дуелот со Германија. Јас лично очекувам сосема поинаков натпревар од оној со Германците. Исто така очекувам добар и голем отпор од страна на домашната селекција“ посочи Ребров.

На пресот беше и капитенот на Украина, Тарас Степаненко.

Многу добро се сеќавам на мечот од ЕП во Букурешт. Тоа беше навистина тежок натпревар за нас. Бевме пообри во текот на целиот меч, но на крајот можеше лошо да заврши по нас. Затоа не смее да има опуштање на утрешниот дуел. Ќе кажам дека Македонија има голем број квалитетни играчи на кои мора да се внимава“ истакна покрај другото Степаненко.

Претходно„Бомба“ од Париз: ПСЖ преговара со Мохамед Салах!
СледноПроблеми во “рајот“: И Вокер сака да си оди од Манчестер Сити!