Манчестер Сити, кој пред само неколку дена освои историска тројна круна, одбраната на тронот во Премиер-лигата ќе ја започне на гостувањето кај Барнли, чиј менаџер е поранешниот капитен на Сити, Винсент Компани. Тимот на Пеп Гвардиола има за цел да стане првиот тим кој ја освоил титулата во Премиер-лигата во четири последователни сезони.
Во првото коло ќе има дерби дуел, Ливерпул е гостин на Челзи. „Црвените“ имаа разочарувачка сезона и нема да играат во Лигата на шампионите за прв пат по седум години откако заврши на петтото место. Челзи пак кој заврши на 12-тото место на табела и покрај тоа што новите сопственици потрошија 600 милиони фунти за тимот, го поставија Покетино, кој ќе дебитира како менаџер на „лондонските сини“ на дербито против Ливерпул“ на 13 август на „Стемфорд Бриџ“.
📣 #PLFixtures for the 2023/24 season have arrived!
— Premier League (@premierleague) June 15, 2023