Тажна вест доаѓа од Америка. Загасна животот на ски-скокачот Патрик Гасиеница, кој загина во сообраќајна несреќа. 24-годишниот спортист учествуваше на Олимпијадата во Пекинг 2022 година, а со репрезентацијата на Соединетите Држави го освои десеттото место.
Патрик Гасиенка е роден во САД во 1998 година, а потекнува од имигрантско семејство од Полска, поточно од Закопане. Со ски-скокови почнал на четири години, а на 13 години се преселил во близина на ски центар, каде неговиот татко започнал да работи како тренер.