У-21: Македонија во пријателски натпревар одигра 1:1 против Ерменија! (ФОТО)

900

 

Попладнево на теренот на ФФМ во Скопје, младата селекција на Македонија одигра 1:1 во пријателски меч против соодветната селекција на Ерменија.

Стрелци на головите беа Абази, по извонредната асистенција на Максимов, во таа 30.минута за наше водство од 1:0. Гостите од Ерменија израмнија во 53.минута кога Калукјан од нешто одлево успеа да го пронајде патот кон нашата мрежа.

Ова беше првата од двете планирани контролни средби за селекторот Драган Канатларовски во текот на јуни, како уште една проверка за стартот на квалификациите во септември.

Сосема солиден меч како за пријателски. Во првиот дел Македонија покрај голот имаше уште неколку закани. А Алараведјан во 45.минута ја погоди нашата пречка. Ерменците подобро го отворија вториот дел, беа поактивни на теренот и заслужено дојдоа до реми.

Во самиот финиш, во тие последни десет минути Македонија нападна, имаше и неколку опасни закани, веројатно имаше и пенал за нас откако еден ерменски играч играше со рака, но на крајот сепак мечот заврши со тие 1:1.

И двајцата селектори им дадоа шанса на сите свои фудбалери на овој пријателски натпревар.

МАКЕДОНИЈА: Николовски, Ричков, Стојчевски, Деспотовски, Трајков, Николов, Златков, Максимов, Абази, Талаков, Рамани. Играа уште: Фетаи, Тодоровски, Илиевски, Рамадани, Фета, Ване, Крстевски, Димитриевски, Василев, Виктор Крстевски, Малески, Ангелов.

ЕРМЕНИЈА: Матинјан, Мнатсајакн, Никогасјан, Налбандјан, Пилојан, Таракчјан, Алавердјан, Абрахамјан, Варданјан, Горелов, Мурадјан.

 

No description available.

 

 

No description available.

No description available.

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

ПретходноПроблеми во “рајот“: И Вокер сака да си оди од Манчестер Сити!
СледноУрнебесно: Фан на Меси влета на теренот, го гушна својот идол и ги “шекна“ стјуардите! (ВИДЕО)