Репрезентацијата на Шпанија ја совладаа Италија со 2:1 во второрто полуфинале на Лигата на нации и обезбеди место во битката за трофејот в недела против Хрватска.
Човек на одлука беше напаѓачот на „црвената фурија“ Хоселу, кој погоди на две минути пред крајот за победа на Шпанците.
Шпанија поведе веќе во третата минута по катастрофалната реакција на италијанскиот голман Донарума и грешката на Бонучи. Пино успеа да украде топка и да го матира голманот на Италија за водство од 1:0.
Италија успеа да израмни осум минути подоцна од пенал кој Чиро Имобиле го претвори во гол за 1:1. „Аѕурите“ успеаја да направат пресврт во 21. минута со голот на Фратези, но истиот беше поништен поради офсајд.
Кога се чинеше дека ќе гледаме уште едни продолженија, резервниот напаѓач на Шпанија, Хоселу, на две минути пред крајот ја донесе победата на својот тим.