
На стартот на денешната прес конференција на македонската фудбалска репрезетација по повод утрешниот меч против Украина во Скопје, целиот процес започна со новинарско прашање каква е ситуацијата со Дарко Чурлинов, нашиот напаѓач кој во периодов имаше сериозни здравствени проблеми.
„Дарко во моментов е префрлен во Ангија каде што ќе продолжи да се опоравува од здравствените проблеми. Следува и мини оперативен зафат, и се надеваме дека се ќе биде во ред. Наскоро се очекува тој потполно да се опорави и да почне полека да се враќа на тренинзи. Секако му посакуваме многу здравје и брз опоравок“ – рече селекторот Благоја Милевски.
Ситуацијата со Чурлинов и што точно се случило со него сеуште во јавноста е со голема доза на шпекулација, но ете, да се надеваме дека со него наскоро се ќе биде во ред па и самиот тој ќе ја сподели со јавноста правата приказна.