Шипжак: Во Келн нема да има пријателството 60. минути!

260

ПЖС предводен од Раул Гонзалес ќе има нова шанса да дојде до посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите. Францускиот тим на патот до финалето за противник ќе го има Кјелце, ова ќе биде втората полуфинална двојка на Ф4 во Келн.

Камил Шипжак е еден од оние ракометари кои немаат играно финале во ЛШ, па се надева дека тојму неговиот тим ќе се најде во битката за трофејот.

„Фајнл-фор завршницата е сонот на секој играч, крајната цел на секој тим што игра во Лигата на шампиони. Се обложувам дека никој не рекол дека повеќе би сакал да оди на одмор отколку да учествува на Ф4“, изјави за официјалниот сајт полскиот ракометар.

За него пресметката со Кјелце ќе биде интересна бидејќи има многу познати лица, блиски пријатели на другата страна на теренот.

„Имаме многу пријатели таму, играчи кои ги познавам од репрезентацијата. Но, на теренот нема пријатели. Сите ќе го сакаме истото 60 минута. За жал или не, нашата цел ќе биде да се елиминираме едни со други“.

Ф4 завршницата први ја отвараат Барселона и Магдебург, двете полуфиналиња на профрамата се во сабота.

ПретходноМаестро Модриќ: Едноставно – го сакам фудбалот!
СледноАнтонио Илиевски е нов член на Фљамуртари