Јокиќ : Не знам каде ми е МВП трофејот, го оставив некаде!

445

Својата неверојатна сезона во НБА лигата Никола Јокиќ ја заврши со МВП трофејот на финалето на НБА, а исто како и претходните пати кога го добиваше ова признание, не се грижи многу за тоа.

Во интервју за „ESPN“ српскиот центар ја шокираше новинарката кога дојде без трофејот.

„Морам да ви кажам, направив неколку интервјуа со играчи кои биле МВП на финалето, вие сте првиот што доаѓа без трофеј“, беше констатацијата на Малика Ендруз. 

На ова Јокиќ одговори во свој стил.

Навистина не знам каде е. Го оставив во собата на Спарки (економот од Денвер, Спарки) и веќе го нема. Така да не знам каде е. Но, се надевам дека ќе ми го достават дома“.

Јокиќ имаше неверојатни бројки во текот на финалната серија, имаше просек од 30,2 поени, 14 скока, 7,2 асистенции и 1,4 блокади, па немаше дилема кој ќе биде МВП на серијата.

ПретходноЧелзи ги одби 46-те милиони евра на Јунајтед!
СледноУкраина се „чекираше“ во Скопје (ФОТО)