Белингам и официјално во Реал Мадрид

210

Екипата на Реал Мадрид попладнево и официјално го промовираше Џуд Белингам како свое најново засилување. Досегашниот играч на Борусија Дортмунд доаѓа на Сантијаго Бернабе како дел од новата „клапа“ звезди кои треба да ги заменат, Бензема, Асенсио, и останатите кои летово си заминаа.

Она што е многу важно во моментов е што му е доделен бројот пет, истиот оној број со кој во дресот на Реал Мадрид блескаше еден и единствен Зинедин Зидан.

Дали е тоа предност, привилегија или товар за младиот офанзивец, што преку дресот се споредува со еден од најдобрите на сите времиња останува да видиме.

ПретходноКалин Ивановски го предаде мечот, Молдавија го доби и вториот сингл со Македонија!
СледноСрамно: Им даваат милиони на играчите и тренерите, а на работниците им исплаќаат минималец!