Да се знае кој е кој: Магија на Меси во 80.секунда, Аргентина ја победи Австралија! (ВИДЕО)

1778

Ете, затоа Лео Меси според многумина е најдобриот фудбалер во историјата, и ете, затоа Париз на фудбалскиот волшебник едноставно не му годеше.

Имено денеска во Пекинг, на пријателската средба меѓу Аргентина и Австралија, Меси со магичен гол уште во 80.секунда покажа кој е кој. Тоа беше водство за светскиот првак од 1:0.

До крајот Пецела стрелаше во 68.минута со глава по асистенцијата на Де Пол за 2:0.

Со тој резултат Аргентина славеше против “кенгурите“.

Кинезите на стадионот беа воодушевени што ја гледаат во живо Аргентина, а посебно миленикот на милијарди фанови ширум светот, Лео Меси кој и тоа како им се оддолжи.

ПретходноСрамно: Им даваат милиони на играчите и тренерите, а на работниците им исплаќаат минималец!
СледноСелекторот Стојановиќ го скрати списокот со ракометари на кои ќе смета за кадетското СП