Манчестер Ј. никако да се продаде, Тен Хаг полека губи нерви

896

Ерик тен Хаг имаше големи планови за летниот преоден рок бидејќи на тимот му требаат засилувања пред новата сезона. Во најмала рака, Холанѓанецот очекуваше да потпише еден напаѓач од висока класа, играч од средниот ред за да му помогне на Ериксен и голман кој би можел да се натпреварува со Де Хеа за голманската позиција.  Сепак, поради претстојната продажба на клубот, се виси во воздух.

Глејзерс соопштија дека се подготвени да се разделат со клубот уште минатата есен, но сè уште нема решение по ова прашање. Вчера стигна вест дека шеикот Јасим е пред купување на клубот, но официјално ништо не е потврдено.

Додека актуелните сопственици не донесат одлука, иднината на тимот ќе остане матна, а буџетот за трансфери крајно скромен. Во оваа ситуација очигледно најмногу ќе загуби Ерик тен Хаг, кој веќе негодува што сето ова се оддолжува во пресрет на новата сезона.

ПретходноХоселу ја одведе Шпанија во финалето на Лигата на нации (ВИДЕО)
СледноМанчини: За едно се подготвувавме, друго прикажавме на терен